
Утре завршува огласот за вработување на медицински персонал, медицински сестри, психолози, психијатри, и доктори во Клиничката болница во Штип. Во разговор со директорот на Клиничка болница Штип, д-р. Георгијев, за нашата телевизија, констатиравме дека се очекува бројот на нововработени лица да помогне во спречувањето и борбата со Ковид пандемијата.
„Еве во тек ни е оглас распишан во четвртокот, којшто ќе трае до среда, каде што ќе примиме дополнително персонал, 6 медицински сестри, ќе примиме физитерапевти, психолози, психијатри, и на 4 болничари ќе им дадеме решение, толку можевме во овој мемент со Буџетот којшто го имаме за оваа година“ – истакна д-р. Георгијев.
Сеуште има медицински сестри кои седат дома и покрај потребата од персонал на Инфективното одделение, но како што истакна Георгијев, се зависи од желбата и посветеноста за работа.
„А што се оденсува дека има сестри кои седат дома, значи не можете вие некој кој седе дома да го земете за рака, да го донесете во болница и да го уфрлите да работи во било кој оддел. Секое ангажирање мора да биде врз некаков договор.“ – кажа Георгијев.
Во изминатите 3,5 години во Клиничката болница во Штип се примени околу 70 / 80 луѓе, во најголем дел здравствен кадар, над 20тина доктори, над 40 медицински сестри, физиотерапевти, лаборанти. Овој кадар секако не е доволен но се очекува и понатаму да се примаат нов медицински персонал. Процесот на вработување, даде значителен придонес во справувањето со ковид пандемијата.
Лаура Стојанова М-Нет