

Есенската полуетапа први ја истрчаа играчите на Брегалница од Делчево кои на крајот собраа 28 бодови со гол разлика 31:11 или постигнаа 9 победи, еден натпревар загубија и еден меч одиграа нерешено.

На второто место е екипата на Детонит од Радовиш која на крајот заврши со 26 бодови или два помалку од лидерот на табелата. Детонит славеше на 8 натпревари, доживеа еден пораз а два меча одиграа нерешено, или гол разлика од 26:7 што ќе рече дека Детонит е екипа со најмалку примени голови во оваа лига. На трето место е екипата на Овче Поле од Свети Николе со 24 освоени бодови, или извојувани 8 победи, три порази и без нерешени средби со гол разлика 31:13.

Меѓу овие три екипи ќе се води жестока борба во пролетниот дел а кој прв ќе ја истрча фудбалската патека допрва ќе видиме. Со еден збор на Истокот се игра квалитетен фудбал со раскошни таленти кои играат мераклиски и својата игра ја зачинуваат со вистински и атрактивни евро – голови. Не треба да се потценат уште екипите и на Малеш од Берово како и на Хоризонт од Турново кои поради непланирани киксови ја пореметија оваа есенска сезона.

Новата година веќе наближува а веднаш потоа започнуваат макотрпните подготови за долгиот и неизвесен пролетен дел во кој сите љубители на фудбалот очекуваат по ведри здравствени денови и секако полни трибини.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk