
Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на нови 600 полицајци. По 30 полицајци ќе бидат вработени во секторот за внатрешни работи во Општина Штип, како и во регионалните центри за гранични работи Запад и Југ и во одделот за заштита на определени личности и објекти и во Единицата за брзо распоредување.
По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец ќе склучат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи. На обука ќе се упатат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.
За да можат да се пријават на огласот кандидатите потребно е да исполнуваат одредени општи и посебни услови, како и исполнување на потребните услови за работното место. Кандидатите својата документација треба лично да ја достават до секторот за внатрешни работи Штип.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување), во конкретниов случај од утре. Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.
Лаура Стојанова М-Нет