
Утре во штипскиот театар ќе се одржи концерт, по повод денот на хармониката како и одбележување јубилеј пет години од првиот ваков концерт. Двајца професори од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип го организираат концертот, упатувајќи покана до сите заинтересирани да присуствуваат, да уживаат и да сподела позитивни вибрации. Влезот е слободен, а концертот започнува во 19: 30 часот.
„Утре вторник, 17.6.2025 година во Народниот театар во Штип заедно со мојот колега Тони Лазаров ќе прослевеме јубилеј пет години од концертот. Влезот е слободен.“ – вели Коцев.
Денеска завршија последните подготовки пред утрешниот концер, кој ќе биде во два дела класичен и народен дел. Ќе настапат ученици од ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип, а ќе има гости и од Битола.
„Ги вршиме последните подготовки за утрешниот коцерт. Концертот ќе биде во два дела., а е по повеод денот на хармониката.“ – вели Лазаров
Во оваа прилика се упати покана до сите заинтересирани да присуствуваат на концертот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет