
Тим од Гетеборг од денеска е во Кочани со цел да им се помогне на граѓаните за справување со последиците од пожарот во дискотеката Пулс. Тие на разни начини, преку јавни дебати, работлиници и средби ќе ги пренесат своите искуства со кочанчани, бидејќи пред 27 години и кај нив се случил ист пожар, во кој загинале 63 лица, а над 200 биле повредени.
„Но ние сме овде да споделеме искуства и морам да биде искрен искуствата не се најдобри. Имате многу тешки денови пред вас, и години.“ – Ларс Лилед експерт за кризни ситуации, Шведска
Да се врати времето назад не може, ама може да се понуди помош на граѓаните во Кочани кои живеат во неподнослива болка и тага. Тоа е и целта на тридневните активности на кои же присустуваат и гостите од Шведска.
„Камо да можеме да го вратиме времето назад, да биде сѐ како претходно кога се бавевме со истите стари банални проблеми, но не можеме. Предизивиците денеска се многу поголеми, како да им се пријде на луѓето во заедницата во толкава болка и тоа да се препознае како помош. Како да се уважи потребата за правда, да се слушне и почувствува нивното страдање.“ – вели Унковска.
Секоја помош е добредојдена истакна в.д. градоначлникот Крстевски, бидејќи Кочани мора повторно да заживее и да се надмине трагедијата од Пулс.
„Три месеци Кочани живее во длабока криза, емотивна, психичка и криза со управување со секојдневието. За да се справиме со оваа трагедија помошта е повеќе од добредојдена.“ – вели Крстевски.
Пожарот во Гетеборг Шведска се случил во 1998 година. Десет години подоцна е направена и книга, која сега е преведена и на македонски јазик.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет