
На 20 март годинава хуманитарецот Александар Ѓорѓиевски од Штип, ја започна неговата нова мисија, помош на семејството Давиткови од село Ерџелија светиниколско. Првичната слика беше страшна, многумина сметаа дека ова ќе биде невозможна мисија, но Аце докажа дека се е возможно ако се сака. На 22 март тој стапи во контакт со градоначалникот на Општина Свети Николе, побара помош од хуманитарни граѓани организации, обезбеди мајстори, за денеска Госпоѓа Виолета заедно со нејзиниот сопруг и син можат да живеат во целосно нов опремен дом.
Општина Свети Николе за прв доживува ваков хуман гест, посочи градоначалникот Сашо Велковски.
„Навистина ваков хуман гест Свети Николе не дозивеало досега. Благодарам на Аце и на целата екипа што се вклучија во реализација на овој проект на семејството Давиткови да им ги доведат до совршенство условите во кои што ќе живеат понатаму“ – кажа Велковски.
Да се помогне на луѓе кои немаат ништо е повеќе од хуман гест, а воедно и огромна мотивација сите кои сакаат и можат да се вклучат во вакви акции.
„Мотивацијата е поголема од што треба да е, помагаш на луѓе кои немаат ништо, бидејќи ние по градовите живееме како Богови, а има луѓе кои немаат баш ни трошка леб за јадење“ – истакана мајстор Љупче.
Градоначалникот Велковски им додели благодарници на мајсторите кои хумано и неуморно се вклучија во овој проект, а благодарница доби и Александар.
Госпоѓа Виолета сега може да живее во нов топол дом. Единствена нејзина желба сега е нејзиниот син да добие соодветно лекување и да застане на нозе.
Лаура Стојанова М-Нет