Реализиран проектот „Прошетка за здравје“ до Гоцева шума во Кочани

Со прошетка од здрагадата на Општина Кочани до „Гоцева шума“ по петшачката патека утринава се реализираше првата постпандемиска активност која е дел од локалниот акциски план на Општина Кочани за еднаквост на мажите и жените во соработка со здружението „Борка“.  На настанот можеше да се забележи присуство на мажи и жени од најразлична возрасна група, а најголема чест беше присуството на деца.

„Излегувањето од пандемијата мораме да го бараме во пешачењето, во дружбата заради физичкаа активност која е доста потребна за нашето физичко и ментално здравје и за да можеме да бидеме обединети едни со други дружејќи се и полесно да ги надминиме кризите кои што ни ги донесе пандемијата“ – истакнаа од Општина Кочани.

Симболички на настанот 50 тината учесници понесоа со себе свежо овошје за да се истакне важноста на здравата храна во скопл на пешачењето.

„Овој настан е насловен како „Прошетка за здравје“ и тоа е голем мотив за сите гражани да се вклучат и да не дружат за сите заедно ги осетиме благодетите на природата, бидејќи таа е наш природен дом во кој треба да се вклопиме. Симболично овде донесовме овошје за да се подигне свеста дека здравата храна секогаш треба да биде присутна во нашата исхрана„ – кажа Валентина Андонова, координатор на здружението „Борка“.

Учество на настанот зедоа и гости од Кавадарци, како и дечињата од извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани.

Пешачњето, физичката активност и здравата исхрана се главни фактори за здрав и долг живот, а преку денешните активности се покажа што е најпотребно сега откако пандемијата полека заминува.

Лаура Стојанова М-Нет