Пронајдена 16 годишната Наташа од кочанско Оризари

Со среќен крај заврши потрагата по изгубената Наташа од кочанско Оризари, која беше пријавена за исчезната, и по која трагаа и нејзините родители и пријатели но и полицијата.
Во текот на вчерашниот ден по 23 часот девојчето се вратило во нејзиниот дом, без видливи траги на насилство или малтретирање, во релативно добра здравствена состојба, но физички исцрпено, истакаа нејзини блисики роднини.


16 годишното девојче моментално е згрижено во Општата болница со проширена дејност Кочани. Дирекоторот на болницата Александар Серафимов,во телефонски разговор за М-Нет телевизија потврди дека девојчето е сместено во кочанската болница.

„ 16 годишната пациентка од Оризари момнтално е сместена на одделот на психијатрија во Општата болница во Кочани, по наредба на Јавен обвинител. Нашите медицински екипи ја следат нејзината состојба, а за сега не прима никакви лекарства. Направен и е гиниколошки преглед, нема траги на насилство и малтретирање“ – истакна Серафимов.


Девојчето беше пријавено за исчезнато во Полициската станица во Кочани на 10 јуни, откако последен пат излегло од дома да оди на училиште и и се губи секаква трага, за по речиси 40 часа самa се врати дома.

Лаура Стојанова М-Нет