
Во среда се играат натпреварите од вонредното 19. коло од Втората македонска фудбалска лига.
Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум второлигашки натпревари, кои ќе започнат во 14:00 часот.
Стојанче Трпчевски од Кавадарци ќе ја суди пресметката помеѓу Гостивар и Пелистер, Доне Ристовски од Гевгелија ќе ја дели правдата помеѓу Беса и Воска Спорт, додека пак Марјан Младеновски од Скопје ќе биде главен судија на соочувањето од дното на табелата помеѓу Каменица Саса и Слога од Виница, натпревар кој ќе се пренесува во живо на телевизија М Нет.
Охриѓанецот Фатмир Бафто ќе им суди на Локомотива и Беласица, Влатко Илиоски од Прилеп го доби дуелот помеѓу Караорман и Тетекс кој единствено ќе се одигра во четврток, Сашко Ристов од Струмица ќе биде главен судија на мечот помеѓу Борец и Вардар, а пак Дени Лековски од Битола ќе ја дели правдата помеѓу Детонит Плачковица и Кожуф.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 19. КОЛО ВМФЛ:
Гостивар – Пелистер, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Беса – Воска Спорт, Доне Ристовски (Гевгелија)
Каменица Саса – Слога Виница, Марјан Младеновски (Скопје)
Локомотива Пехчево – Беласица, Фатмир Бафто (Охрид)
Караорман – Тетекс, Влатко Илиоски (Прилеп)
Борец – Вардар, Сашко Ристов (Струмица)
Детонит Плачковица – Кожуф, Јосип Бартон (Скопје)
Охрид – Арсими, Дени Лековски (Битола)