Шкендија ја „скрши“ Брегалница во второто полувреме и славеше со убедливи 4:1

фото: архива

Шкендија стигна до убедлива победа од 4:1 против Брегалница во натпреварот одигран на теренот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје во рамките на 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.
По првите 45 минути резултатот беше 0:0, но второто полувреме донесе вистинска голеада и дури пет погодоци.
Шкендија поведе во 61. минута преку Трумци, а само пет минути подоцна Красниќи зголеми на 2:0.
Брегалница успеа да се врати во натпреварот во 86. минута, кога Мартин Стојанов погоди за 2:1 и внесе неизвесност во финишот.
Сепак, домаќинот не дозволи изненадување. Во судиското продолжение Ндзенгу во 90+1. минута погоди за 3:1, додека конечните 4:1 ги постави Зејнулаи во 90+4. минута од пенал.
Шкендија во текот на целиот натпревар имаше поголем посед на топката – 63 проценти, наспроти 37 проценти на Брегалница, а упати и 15 удари кон голот, од кои 10 во рамките на голот.
Брегалница, иако во финишот успеа да намали на 2:1, не издржа до крај и со два примени гола во судиското продолжение претрпе убедлив пораз од 4:1.