
Делегирани судиите за вонредното 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Штипскиот судија Стојанче Стојанов ќе го суди дуелот помеѓу Шкендија и Работнички, кој се игра во Тетово. Големата дерби-пресметка помеѓу Струга Трим Љум и Шкупи за врвот од табелата ќе ја суди Игор Стојчевски од Скопје.
Димитар Пилешков од Штип ќе биде главен судија на скопската пресметка помеѓу Скопје и Македонија Ѓорче Петров, Ндерим Тефику ќе ја дели правдата помеѓу Силекс и Брегалница во Кратово, а пак штипскиот судија Крумислав Ѓоргиев ќе биде главен судија на мечот помеѓу Академија Пандев и Победа во Струмица.
Сите натпревари ќе започнат во среда во 14:00 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ ПМФЛ 22. КОЛО:
Шкендија – Работнички, Стојанче Стојанов (Штип)
Скопје – Македонија ЃП, Димитар Пилешков (Штип)
Струга Трим Љум – Шкупи, Игор Стојчевски (Скопје)
Академија Пандев – Победа, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Силекс – Брегалница, Ндерим Тефику (Куманово)