
Теренот на Градскиот стадион во Штип е во перфектена форма за дербито меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново, кое ќе решава кој ќе биде шампион во Втора лига и директно ќе патува во Прва лига.
Градскиот стадион во Штип ќе понуди максимално одлични услови за игра и за двете екипи, кои тактички ќе се надмудруваат за трите бодови кои се од капитална важност.
Брегалница како домаќин на овој меч побара од Фудбалската федерација на Македнија да се игра под рефлектори односно во вечерен термин, но барањето беше одбиено и натпреварот ќе се игра во ист термин како и останатите мечеви односно од 16 часот.
Брегалница ќе има силна поддршка од верната „фаланга“, а во Штип доаѓаат и гостински навивачи кои ќе даваат поддршка на Шкендија Арачиново.
Атмосферата во градот под Исарот сигурно е дека ќе биде возбудлива и неизвесна за трите бодови.
Александар Ванев, М-Нет