Стефан Алексов ќе биде асистент на Кристиан Ристески во одбојкарскиот шампион Штип УГД

Одбојкарот Стефан Алексов започнува со нова улога во кариерата, откако македонскиот шампион Штип УГД официјално потврди оти Алексов ќе биде асистент на стратегот Кристиан Ристески.

Во својата играчка кариера Алексов беше носител на повеќе признанија и спортски успеси, три сезони во низа го освојуваше Купот на Македонија со ОК Штип УГД во 2024, 2025, 2026 година, освојувач на првенството на Македонија со ОК Штип УГД во сезоната 2025/2026, беше прогласен за „Спортист на годината на град Штип“ за 2024 година, освојувач на Купот на Македонија и титулата во македонското првенство со OK Струмица во сезоната 2020/21, настапи на медитерански игри, сребрена лига, златна лига и Европско првенство со репрезентацијата на Македонија.

Алексов сега започнува со работа во стручниот штаб на Ристески, а пред нив ќе има големи предизвици – одбрана на двојната круна и европски предизвик во квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампиони против првакот на Холандија, Орион Старс.

Александар Ванев, М-Нет