Кредити се земаат за стан, автомобил или одмор, но најтешко е враќањето

За да купат стан или автомобил, да го реновираат домот или барем еднаш годишно да си дозволат одмор, на многумина граѓани им е потребен кредит. Така велат анкетираните штипјани, кои посочуваат дека кредиот сакале или не е единствената опција за да се живее. Но, по зимањето кредит, следува потешкиот дел, враќањето, секој месец, рата по рата.

Граѓаните велат дека се зависи од тоа колкав кредит ќе земат и колкава рата ќе треба да плаќаат секој месец. Ако платите се помали, велат, многу потешко се стигнува и за ратата и за другите трошоци во месецот.

Инаку, анкетираните додаваат дека во враќањето на кредиот, многу често се вклучени и повозрасните. Секој помага кој со што може, за да може младите да имаат подобар живот.

Иван Митев, М-Нет