
Второлигашот Пелистер кој сака да направи експресен кам-бек во елитата го договори голгетерот Костадин Капсаров, кој во новата сезона ќе го носи зелено-белиот дрес.
Капсаров имаше одлична сезона во Брегалница и беше клучен играч што „сините“ ги врати во прволигашкото друштво, сезона во која постигна 14 погодоци и со тоа беше прво име на листата на стрелци кај сега веќе новиот прволигаш од Штип.
Во неговата кариера настапуваше за АП Брера Струмица, Беласица, Детонит Плачковица, а 21-годишникот последно беше дел од штипска Брегалница.
Пелистер гради тим со кој сака да обезбеди враќање во Прва лига, откако битолачни испаднаа минатата сезона од елитата. Новата сезона во Втора лига започнува на 15 август, а Пелистер истата ја отвара на домашен терен против дебитантот Камјани.
Александар Ванев, М-Нет