Стевановски ќе им суди на Вардар Неготино и Марена, Јованоски на Питу Гули и Обршани

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на првото пролетно коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ. Пролетната полусезона ќе биде отворена со натпреварите од 12. коло. Екипата на Канатларци се откажа од натпреварување поради лични причини, а екипата на Росоман во првото пролетно коло ќе биде слободна.

Сите пет натпревари од воведното пролетно коло ќе бидат одиграни со почеток од 14:00 часот.

  • Делегирани судии 12. коло ТМФЛ – Југ:

Бучин – Големо Коњари, Душко Стојсавлевиќ (Прилеп)
Вардар Неготино – Марена, Драган Стевановски (Велес)
Локомотива Градско – Превалец, Атанас Таневски (Кавадарци)
Слога – Младост, Марјан Смилковски (Прилеп)
Питу Гули – Обршани, Филип Јованоски (Прилеп)
Росоман – слободна екипа