
Утре со дербито помеѓу Новаци и Демир Хисар стартува пролетната полусезона од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на четирите натпревари од 12. коло.
12-тата рунда ќе биде комплетирана в недела со три натпревари, а истите ќе започнат во 14:00 часот.
Делегирани судии 12. коло ТМФЛ – Југозапад:
Новаци – Демир Хисар, Енис Зекмановски (Ресен)
Иднина Боровец – Лирија Грнчари, Љупчо Богдановски (Битола)
Јанг Тим – Кораб, Димитар Левески (Охрид)
Кравари – Влазними, Стефан Петрушевски (Охрид)
Преспа – слободна екипа
Сатеска Волино – слободна екипа