Митров патува во Дојран, Коцев ќе им суди на Малеш и Карбинци

Делегирани судиите за 12. коло од Третата македонска фудбалска лига. Со четири натпревари кои ќе бидат одиграни в недела ќе биде отворена пролетната полусезона. Сите натпревари ќе стартуваат во 14:00 часот, а во првото пролетно коло екипите на Осогово и Академија Чешиново Облешево се слободни, откако Победа од Валандово и Брегалница од Делчево се откажаа од понатамошно натпреварување.

  • Делегирани судии 12. коло ТМФЛ – Исток:

Спартмани – Овче Поле, Тоше Џамов (Кочани)
Дојранско Езеро – Рудар, Стефан Митров (Гевгелија)
Малеш – Карбинци, Борче Коцев (Радовиш)
Тиверија – Вардарски, Здравко Костовски (Штип)
Осогово – слободна екипа
Академија Чешиново Облешево – слободна екипа