Старт на Трета лига – Југозапад: Лидерот Кораб домаќин на Јанг Тим, Влазними против Сатеска

Овој викенд започнува пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, откако претходно пролетниот дел започна во Трета лига – Север, Исток, Југ и Запад.

Во рамки на 10. коло или прво пролетно коло лидерот Кораб на домашен терен ќе се соочи Јанг Тим, Влазними на домашен терен во Струга ќе ја пречека Сатеска од Волино во меч каде домашниот тим е фаворит за трите бодови.

Демир Хисар ќе биде домаќин на Преспа од Ресен, а пак Лирија во Грнчари ќе го пречека тимот на Светлост. Во првото пролетно коло слободна ќе биде екипата на Кравари.

Најголем фаворит за првото место кое води во баражот за Втора лига е некогашниот второлигаш Кораб од Дебар кој е лидер на табелата со 21 бод. Лирија е втора со 16 бодови, на делба на третото место се Кравари и Преспа со по 15 бодови. На 5. место е Демир Хисар со 12 бодови, Јанг Тим е шести со девет бодови, Влазними е на седмото место со 7 бодови, Светлост е претпоследен со шест бодови, а на дното е Сатеска од Волино со три бодови на своето конто и одземени три бодови по одлука на Управниот одбор на ТМФЛ – Југозапад.

Сите натпревари ќе се одиграа во недела со почеток од 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет