Занаетите изумираат, младите леб бараат во странство, за неколку години ќе нема кој да залепи гума

Поправка на делови на земјоделски машини, изработка на нови делови, Васил Богдански од село Таринци е единствениот занаетчија кој и понатаму го негува својот занает. Работи заедно со неговите двајца синови двајца внуци и на тој начин вели вадат за еден добар живот. Нема многу работа, но има голема желба за да продолжи да ја работи оваа работа и да им помагана земјоделците кои имаат потреба од тоа.

„Во оваа работилница се прават делови на машина, скршен дел, дел кој треба да се поправи, да се направи нов, повеќе на земјоделски машини. Не работам сам, имам два сина, и два внука кои ми помагаат.“ – вели Богдански.

Богдански ова го работи речиси четири децении и вели воопшто не му е тесшко. Ама се помалку мллади сакаат да научат занает од кој ќе вадат леб. За ваквата слика на терен тој вели виновни се и родителите, па затоа младите егзистенција бараат надвор од границите на нашата држава.

„Тоа е поширока тема, родителите ги расипаа децата и на тој начин си ги отуѓиа. Оваа е валкана работа и младите не сакаат да работат. Јас сум скоро 70 години и не ми е тешко. 37 години плаќам индустриска струја, значи 37 години работам овде.“ вели Богдански.

Богдански дециден дека занетите полека но сигурно изумираат па ретко може да се најде работилница, или да се види младите да заработуваат леб преку занает.

„Занаети нема ова е последно, ама ова никогаш нема да умре оти овие машини се универзални за поправка на делови. Тука се работи нешто уникатно.“ – додава Богдански.

За пет години ако продолжи ваквата пракса ќе нема кој да поправи дел, да залепи гума, да поправи штрафче, младите во странство, а повозрасните со празни објекти во кој нема да работи,ваква ќе биде за жал сликата во државата вели Богдански.

Лаура Стојанова М Нет