
Нов меѓународен ангажман за штипскиот судија Стојанче Стојанов, кој ќе биде дел од судиската екипа на натпреварот меѓу репрезентациите на Кипар и Сан Марино до 21 година во рамките на квалификациите за Европското првенство до 21 година.
Натпреварот ќе се одигра во вторник од 19 часот на „АЕК Арена“ во Ларнака, а довербата за главен судија му е дадена на Влатко Илиоски од Македонија.
Покрај него, во судиската екипа се и Дарко Видињиќ и Климент Ристоски, додека четврти официјален ќе биде штипјанецот Стојанче Стојанов.
За Стојанов ова претставува уште една значајна можност да биде дел од меѓународен фудбалски натпревар и да ги брани македонските судиски бои на европската сцена.

Особено радува фактот што и штипскиот фудбалски и спортски кадар продолжува да има свои претставници на меѓународни натпревари, а Стојанов со овој ангажман добива ново европско искуство во конкуренција до 21 година.