Има напредок во развојот на индустриската зона во Општина Карбинци!

Дел од објектите се веќе изградени, друг дел се во фаза на изградба, а мал дел од пацелите се одземени оти не е почитуван рокот. Од Општина Карбиници велат дека се забележани подобрувања во делот на индустриската зона и изградбата на објекти. Градоначалникот посочува дека парцелите кои се одземени по изборите повторно ќе бидат ставени на продажба со што рационално ќе се искористат од новите инвеститори. Изјавата е од 07.03.2024 папка метролошка станица Карбинци

„Неколку објекти веќе се во функција од претходно, дел од парцелите се во фаза на издавање на одобрение за градба и дел се веќе пријавени дека се започнати со изградба. Помал дел од тие кои не го почитувале договорот се веќе одземени и во идно време ќе се направи повторен обид за продажба на потенцијалните инвеститори кои би ги искористиле согласно потребите и намената која ја има Општина Карбинци.“ – вели Паунов.

На просторот во индустриската зона во Карбинци треба да никнат објекти од комерцијално значење, сали, фабрики кои се пред се од лесна и незагадувачка индустрија.

„Оваа индустриска зона Г2 е пред се за лесна незагадувачка индустрија, очекувам оние кои имаат рој за изградба да го почитуваат истит. Се работи за објекти од комерцијално значење, сали, и пред се фабрики кои се предвидени за овде.“ – вели Паунов.

Паунов додава дека во склоп на ова се работи на реконструкцијата на локалниот пат од село Таринци до село Долни Балван кој ќе биде од големо значење за овој дел, и за индустриската зона. Посочува дека општината вложува напори во патната инфраструктура со цел подобрување на животот на граѓаните,

Лаура Стојанова М Нет