
Прволигашот Силекс кој сезонава води борба за освојување на титулата во домашното првенство за пролетниот дел се засили со Дарко Мицевски.
Искусниот играч од средниот ред доаѓа од Вардар, во Силекс ќе остане до крајот на пролетниот дел како позајмен играч од Вардар, откако клубот одлучи да не смета на неговите услуги за пролетниот дел.
Мицевски е дете на Вардар, а во својата кариера има настапувано и за екипите на Слобода Ужице, Работнички, Тетекс, ОФК Београд, Нови Пазар, Минск, Нејмех и РФС Рига, па со своето богато домашно и меѓународно искуство ќе му помага на Силекс да ја оствари целта и да ја освои титулата во домашното првенство.
Екипата пристигна во Анталија, Турција, каде ќе ја темпира формата за пролетните предизвици.
Пролетниот дел Силекс го отвара против актуелниот освојувач на Купот, екипата на Тиквеш.
Александар Ванев, М-Нет