
Револт и разочараност кај лозарите , грозјето има, но нема кој да го купи. Тврдат дека винариите годинава го откупуваат само од свои луѓе, а за останатите велат грозјето нека им скапува по лозјата. Како што истакнуваат, по нешто продаваат и на штипскиот пазар, ама тоа се мали количини и не може да се продаде цел род. Другото, велат, ќе го берат, ќе го стават во буре, за варење ракија, бидејќи друго чаре немаат. Ако вака продолжи и натаму ситуацијата, догодина тврдат оти ќе ги остават лозјата, оти веќе не им се испаќа
,,Не го зимаат ниту белото ниту црното, си го зимаат на нивни луѓе и не сакаат на други. И тоа цената е лоша. Ако ситуацијата вкаа продолжи, ќе го оставам лозјето, ќе го ископачам, ќе го продадам. Сега имам картошија за берње 10 декара, аргати ќе викнам да го берам ќе го капам и правам ракија. Катастрофа е ситуациајта. Oва сега што го продавам на пазарот е Викторија, од 100 денари лани, сега го продавам за 80 денари и тоа е. Штипјани ме знаат и си купуваат од мене овде од паззарот.“, велат производителите
Иако во јавноста кружи веста дека винариите откупуваат само смедеревка, а вранец не, сепак производители велат дека не е така. И смедеревка повеќе не се откупува, откупот е прекинат, а за вранец не сакаат ниту да слушнат.
Лозарите и натаму тврдат, ако нема кој да им го земе грозјето и ако цената остане ваква, немаат што многу да размислуваат. За догодина, велат, или ќе има откуп или лозјата ќе останат празни.
Иван Митев, М-Нет