Еуромилк ГЛ до првата победа, Детонит го доби Осогово – Охрид убедлив во саботниот дел од ВМФЛ

Комплетиран е саботниот дел од натпреварите од 4. коло во Втората македонска фудбалска лига, во кој денеска беа одиграни пет средби.
Во Радовиш, Детонит Плачковица славеше со 2:1 против Осогово, во интересен натпревар кој директно го пренесувавме на М Нет-ТВ. Радовишани со трите бода продолжуваат со добрите настапи, додека Осогово остана без бодови од ова гостување.
Убедлива победа оствари Охрид Лихнидос, кој во Тетово со 3:0 го совлада Тетекс. Охриѓани одиграа одличен натпревар и заслужено стигнаа до трите бода.
Во Гевгелија, Кожуф и Беласица одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник – 2:2, додека Камјани на домашен терен минимално со 1:0 го совлада Новaци.
Најубедлив триумф денеска забележа Еуромилк ГЛ, кој со високи 4:0 го декласира Шкупи.
Колото во ВМФЛ ќе биде комплетирано утре со преостанатите два натпревари.
Во Новаци, Пелистер ќе го пречека Работнички, додека во Струмица силите ќе ги одмерат Брера Струмица и Македонија ЃП.
И токму овој натпревар утре повторно ќе можете да го следите директно на М Нет-ТВ. Средбата во Струмица започнува во 16:30 часот, со што М Нет-ТВ продолжува со директните преноси од најинтересните натпревари во Втората македонска фудбалска лига.