Филип Стојанов најуспешен спортист на Кочани за 2024 година, карате клубот Кочани најдобра екипа, избрани и најдобар тренер и спортски работник!

Филип Стојанов од карате клубот Партизан е најуспешен спортист на Кочани за 2024 година. Општина Кочани и Асоцијацијата на новинар од Кочани го реализираа Изборот за спортист за претходната година.

Стојанов имаше плодна спортска година, со учество на Државно, Балканско и Светско првенство каде бележеше одлични резултати дома, но и во странство.

Карате клубот Кочани беше прогласен за најдобра екипа, додека пак за најдобар теренер беше избран Зоран Сребренов од боречкиот клуб Спартак, а клубот бележи голем прогрес и има одличен развој.

Столе Тошев е прогласен за најдобар спортски работник за 2024 година, кој работи со млади фудбалери преку фудбалската академија Младост Тошев од Оризари, а Тошев е и секретар на ОФС Кочани и на Трета лига – Исток.

Наградите и признанијата на најдобрите во спортот за 2024 година во Кочани ќе им бидат доделени кон крајот на месец јануари.

Александар Ванев, М-Нет