Селекторот Ашаданов го објави списокот со повикани кошаркарки за натпреварите на Македонија со Србија и Украина

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов го објави списокот со повикани кошаркарки за претстојните натпревари во рамки на третиот квалификациски прозор за Евробаскет 2025.

Репрезентацијата ќе се подготвува во Скопје, а првиот собир е закажан за 3. февруари со почеток од 14 часот во СРЦ „Кале“.

Двата натпревари ќе ги одиграме на гостински терен против Србија ќе играме на 6. февруари во Белград, додека пак со Украина ќе играме во Рига на 9. февруари.

Селекторот Ашаданов ги повика Анџелика Митрашиновиќ, Илина Селцова, Мерит Хемпе, Тијана Митрева, Матеа Николиќ, Милица Николиќ, Александра Стојановски, Нена Трајчевска, Ивана Кметовска, Ања Начевска, Елена Тасевска, Сања Адамовска, Михаела Алексоска, Мартина Марковска, Марија Николов, Цветанка Димова, Јована Петрушевска, Марина Блажевска и Катерина Поп Димитровска.

Ова се повиканите 19 кошаркарки од страна на селекторот Ашаданов.

Александар Ванев, М-Нет