
Штипјани се помалку имаат доверба во онлајн нарачките, бидејќи често им пристигнуваат производи што не се исти како на сликата. Наместо очекуваниот квалитет, добиваат поинаква големина, материјал или боја. Иако интересот за летна гардероба расте, граѓаните велат дека сега купуваат повнимателно. Дел од нив се одлучуваат само за проверени страници. Други, пак, велат подобро во продавница, отколку разочарување дома.
Кога е во прашање летната гардероба, граѓаните велат дека избираат да купат на акции во продавниците, е евтино, ем проверено.
Иако онлајн купувањето станува сe подостапно и за повозрасните, кои сега се почесто се снаоѓаат со телефонот, сепак незадоволствата во последниот период, ги предомислува да се вратат на старата практика, да излезат и да си купат што им треба.
Иван Митев, М-Нет