
Зголемен бројот на мозочни крварења во истокот, предупредуваат штипските невролози. Како што појаснуваат, во споредба со лани, бројот на прегледи е во пораст, а според нивното податоци се зголемува и бројот на хеморагични мозочни удари. Лекарите апелираат на поголема внимателност: редовна терапија за висок крвен притисок, шеќер и масти, доволна хидратација, здрава исхрана и повеќе физичка активност.
,,Значи бројот на прегледи во однос на лани е зголен, што се однесува до хоспитализираните болни, значи расте процентот на бројот на мозочните крварања. Мозочните удари кој што настануваат како резултат на прскање на крвниопт сад е зголеемн. Имам зголеемн број на химораични мозочни удари.”, вели Личкова
Кога е во прашање храната, лекарите велат неопходно е истата да биде многу здрава и богата. Важно е велат добро подготвена и што е можно повеќе да се избегнува таа да биде мрсна и тешка, како што се среќава многу често на балканските простори.
,,Од аспект на медицината, даваме совети да не се прескокнуваат превентивните прегледи. Ако има веќе припишано терапија да се води сметка, редовно да се користи. Да се внимава на секој симптом, да се обрне внимание на секој симптом, да не се запостават симптомите.
Невролозите предупредуваат дека превенцијата е клучна за намалување на ризикот од мозочен удар. Редовната терапија и контролата на крвниот притисок, шеќерот и мастите можат значително да помогнат. Дополнително, препорачуваат доволна хидратација, здрава исхрана и повеќе физичка активност. Апелираат граѓаните навреме да реагираат и при први симптоми веднаш да побараат лекарска помош.
Иван Митев, М-Нет