
Натпреварите од 5 коло во рамките на Супер ракометната женска лига на Македонија ќе се одиграат утре , сабота. Ракометарките на Астибо во Штип во ова коло ќе бидат домаќинки на екипата на Стружанка и ќе ја бркаат првата победа. Во досегашните 4 кола екипата на Астибо загуби на два натпревари, одигра еден нерешен меч и во второто коло штипјанки беа слободни. Веќе се одредени и официјалните лица за натпреварите во ова коло така да средбата во Штип ќе ја судат Иво Ѓоргиевски и Игор Наумовски а Делегат ќе биде Цано Куртовиќ сите од Скопје.Еве ги комплетните двојки за ова 5 коло во групата „Б“ од Супер лигата на Македонија:
- Овче Поле – Ѓорче Петров
- Спартак – Вардар
- Астибо – Стружанка
Слободна ќе биде екипата на Металург.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk