
Утре, сабота ќе се одиграат натпреварите од 10 коло на ПМФЛ во кое тимот на Брегалница ќа биде домакин на тимот на Македонија ЃП. Веќе се делегирани и официјалните лица за овој натпревар, главен судија во Штип ќе биде Александар Грујоски,прв помошник Лика Куштрим, втор помошник Зоран Јанкуловски сите од Кичево а четврти судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп. За Контролор е делегиран Мендо Дивитаров од Битола а Делегат ќе биде Иван Путилин од Скопје. Еве ги комплетните двојки за ова 10 коло:
- Струга ТЛ – Борец
- А.Пандев – Шкендија
- Работнички – Скопје
- Тиквеш – Шкупи
- Ренова – Пелистер
- Брегалница – Македонија ЃП
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 16 октомври 2021 г.со почеток во 14.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk