
На вториот ден пред крајот на изборната кампања програмата на составот „Најдоброто за мојата општина“ презентирана пред жителите на населба Автокоманда. Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Сашко Николов, истакна дека е задоволен од предизборната кампања и за истата смета дека е реална, идејна и ефикасна.
„Ги слушнавме сите маки, сите проблеми, сите желби на нашите сограѓани и тоа го врочивме во една убава предизборна програма, којашто е реална програма, направена со идејни проекти, програма со пресметан буџет за да ги најдеме финансиските средства за реализација. Во наредните четири години сето тоа да им го доставиме на нашите сограѓани, на нашите штипјанки и штипјани. За разлика од нашите противници кои ветуваа ветер и магла, ние ветуваме реални ситуации, решавање на реални проблеми и модернизирање на целата наша општина, затоа што Штип заслужува да ги води најдоброто во наредните четири години“, додаде тој.
Николов ги повика штипјани да го одберат најдоброто и на 17 октомври да го заокружат бројот 12.
Ребека Спасова МНет