Раздвиженост на штипскиот пазар, цените стагнираат, ама трошоците за производство растат

Временските прилики дефинитивно влијаат на побарувачката и потрошувачката на градскиот пазар во Штип. На денешниот сончев петок цените иако беа делумно пристапни за купувачите, најмногу се купуваше овошје и зелка, марула и брокула, но скромно, само она што е потребно.

По потреба се купуваше и крставица, пиперка и домат, ама повеќето од купувачите велат дека на тие тезги воопшто и не прашуваат оти знаат дека за овој период цената е висока. Производителите летните производи ги очекуваат по 20 април, а овој период се продаваат по цена од 100 до 180 денари за килограм.

Цените, пак, периодов не се менуваат оти производителите иако имаат високи трошоци, ја разбираат немаштијата на купувачите. Пазарџиите задоволни од денешната раздвиженост на градскиот пазар.

Трошоците не стагнираат, туку се зголемуваат за барем 100%. Две марули и минатата година овој период се продавале за 50 денари. За таа цена, пак, ако лани ѓубривото се купувало за 80 – 100 денари за килограм, сега се набавува по цена од 150 денари за килограм.

Ребека Спасова М-Нет