
Освен што нема плата на здравствените работници, нема исплата на боледување, породилно и рефундации без плати за се и вработените од АД Македонски пошти, истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму додаваат дека преку ова се гледа недомаќинското работење на СДСМ, а договорите потпишани за да прекинат протестите не се почитува.
„Не се почитува законскиот рок за исплата на плата и не се почитува договорот кој пред три месеци беше потпишан за да се прекинат протестите. Незивесност постои, вработените се прашуваат дали воопшто ќе им биде исплатена плата, имајќи предвид дека се шират гласини за позајмици од страна на институцијата за исплата на јануарска плата. Вработените веќе се несигурни за нивната егзистенција, сметките стасуваат, ратите за кредити се навремени, цените растат, а на врата ќе тропнат и извршители. За да биде трагедијата поголема, институцијата распиша оглас за пополнување на 31 работно место за тековната 2023 година, за вдомување на административни партиски војници на ДУИ и СДС на подобри позиции, со што дополнително се зголемува и оптоварува буџетот за плата на веќе прогласениот државен загубар.“ – кажаа од ВМРО ДПМНЕ Штип.
Зошто вработените во Македонски пошти немаат земено плата одговор побаравме од Министерството за транспорт и врски, кое беше повикано да одговори од страна на ВМРО ДПМНЕ. Од таму во телефонски разговор за М- Нет телевизија истакнаа дека министерството нема надлежност во работењето на Македонски пошти. Додаваат дека тие не носат планови ниту програма за вработување.
Лаура Стојанова М-Нет