Бојаџиев и Тасев од Брегалница со повик во репрезентацијата на Македонија до 20 години за Медитеранските игри

Двајца фудбалери од Брегалница добија повик од селекторот на македонската репрезентација до 20 години Александар Таневски за настап на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Лука Бојаџиев и Даријан Тасев ќе настапат во дресот на нашата репрезентација која е во група со Тунис, Турција и Мароко.

Со ова уште еднаш се потврдува развојот на младите штипски фудбалери кои напредуваат во нивните кариери и со тоа младите надежи добија повик од селекторот Таневски.

Од штипскиот прволигаш им посакаа успешни настапи на сите фудбалери на Македонија кој ќе настапат на Медитеранските игри во Италија.

Александар Ванев, М-Нет