Со 2,62 промили седнал зад волан, удрил во паркиран автомобил и ограда во Берово!

Возач од беровско село Русиново е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода во Берово.
На 19 август 2026 година, околу 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Љ.М. (62) од село Русиново, беровско.
Според информациите од МВР, 62-годишникот управувал патничко возило „Форд“, при што удрил во паркирано патничко возило, а потоа и во ограда од двор на куќа.
При преземањето на полициските мерки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол. Алкотестирањето покажало 2,62 промили алкохол во крвта.
Од страна на полицијата бил извршен увид на местото на сообраќајната незгода, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветна пријава.