
Пуштено во употреба новото спортско игралиште во село Карбинци. Со посета а учениците од основното училиште Страшо Пинџур, градоначалникот на Оштина Карбинци, Виктор Паунов истакна дека од денеска ова игралиште ќе биде наменето за потребите на граѓаните.
„Денес официјално го пуштаме во употреба новото игралиште кое го реконструиравме во село Карбинци. Ова е едно од трите спортски комплекси кои што во изминатиот период ги изградивме и ги реконструиравме во Општина Карбинци. Во село Крупиште ќе биде пуштен во употреба и вториот спортски објект, тоа е ново спортско игралиште во училишниот двор. За прв пат во овие две населени места добиваме вакви игралишта со тоа што жителите од Општина Карбинци заслужуваат вакви содржини“ – кажа Паунов.
Парите за новите спортски игралишта во Општина Карбинци се обезбедени од страна на Буџетот на Општината. Истовремено, продолжува и проектот за улици без кал.

„Општина Карбинци издвои 3,6 милиони денари за овие три спортски објекти. Во следниот период до крајот на неделата и почетокот на следната ќе се асфалтираат новите три улици кои ги започнавме во изминатиот период. Ова е предпоследна фаза за оваа година, во следниот период ќе следи нова реконструкција и на уште една нова улица“ – додаде Паунов.
До крајот на годината се очекуваат уште неколку активности на територија на Општина Карбинци со цел да се оствари во целост проектот Карбинци без кал.
Лаура Стојанова М-Нет