Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-100 мм на улицата Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица во општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите.

Текстот Дел од Центар денеска без вода е превземен од МАКФАКС.