ДЗС: Поскапа струја за 1,3 отсто за домаќинствата во првото полугодие од 2026 година

За 1,3 отсто поскапела струјата за домаќинствата  со просечна цена од 7,427 денари за киловат-час. Кај фирмите, струјата главно поевтинила, но природниот гас поскапел од 8 до 17,8 отсто. Кај домаќинствата, пак, природниот гас поевтинил за 6,9 отсто.

Во првото полугодие од 2026 година:

  • Просечна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува
    7.427 денари за kWh со ДДВ 
  • Кај крајните потрошувачи, освен домаќинствата, цената на електричната енергија е намалена кај сите групи, освен кај потрошувачите со годишна потрошувачка помала од 20 MWh и кај потрошувачите со годишна потрошувачка од 70 000 до 150 000 MWh
  • Кај крајните потрошувачи, освен домаќинствата, цената на природниот гас е зголемена од 8.0 % до 17.8 %, во зависност од групата според годишната потрошувачка

Граѓаните остануваат во неизвесност и се прашуваат дали во наредниот период повторно ќе има поскапување на електричната енергија и како тоа би се одразило врз нивните месечни сметки.

Бројките покажуваат различно движење на цените – струјата за домаќинствата поскапела, а природниот гас поевтинел.

Ева Тушевска, М-Нет