
Заловени седум кучиња на територија на Општина Штип денеска. Заловувањето се извшри со операторот со кој Општина Штип пред неколку месеци склучи договор, односно кумановската ветеринарна станица Тодор Велков. На ова од здружението за заштита на животни Анима мунди реагираат до сите оптини каде оваа ветеринарна станица врши заловување да престанат да соработуваат и градоначалниците да престанат да си ги валкаат рацете со крв за стотици недолжи кучиња.
„Должност ни е да ја известиме јавноста и Вас дека градот Штип се соочува со епидемија кај кучињата т.н. штенечак но изолирани случаеви има и во другите градови низ Македонија. За оние што не знаат, штенечакот е заразна и опасна болест која го напаѓа респираторниот, гастроинтестинаниот и нервниот систем на кучињата се пренесува дури и во контакт со контаминирана површина. За оваа болест нема лек, кучињата страдаат и умираат во невидени маки. Единствена превенција на болеста е вакцината. Прифатилиштето Тодор Велков одамна познато како концетрационен логор за несреќни души со стапка на еутаназија од 70% е оператор и во Општина Штип. “ – напишаа на фејзбук страницата на здружението.
Од таму додаваат дека со ова во опасност се ставаат и домашните и бездомните кучиња. Истовремено бараат општините да ги заштитат бездомните и домашните кучиња на територијата на нивната општина од тивка и бавна смрт. Да ги заштитат жителите на општините од емоционален стрес и траума бидејќи овие видеа ги добиваме од граѓани, родители кои заедно со своите деца се изложени на вакви ужасни глетки.
На ова од Општина Штип во телефонски разговор за М-Нет истакнаа дека два месеци овој оператор заловува на територија на општината и понатаму кучињата хумано се третираат.
„Со новиот оператор од Куманов „Тодор Велков“ заловуваме веќе два месеци, се заловува по пријава на граѓани и институции каде пристигнуваат кај нас во секторот за инспекциски надзор. Денеска се заловија седум кучиња, кои понатаму се носат во стационарот на Тодор Велков и истите се испитуваат лабараториски за заразни болести, ако се позитивни се лекуваат, а другите кои не се болни се чуваат 30 дена, во тој период се вакцинираат за беснило, се чипираат, се кастрираат и се враќаат во реонот на заловување.“ – кажа Горгиев.
Горгиев истакна дека реакциите од страна на здружението за заштита на животните се нејсани бидејќи соработката и хуманото третирање за сега не се спорни.
“Досега беше убава соработката и не знам каква е таа реакција сега затоа што до сега сѐ што бараа директорот на Тодор Велков и овозможи“ – додаде Горгеив.
Во изминатите два месеца се заловени 37 кучиња на територија на Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет