Нов модерен спортски комплекс доби и населба „Дузлак“ во Штип

Ново модерно, целосно уредено, опремено, оградено и осветлено игралиште добијажителите од населба Дузлак во Штип. Вчеравечер градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека со ова секоја штипска населба добива модерно катче за сите граѓани од намалите до највозрасните каде ќе може да одмораат и да го поминуваат своето слободно време. За комплекост во населба Дузлак средства се обебедени од Општина Штип во соработка со општествено одговорни компании.

„Станува збор за место кое што во изминатите недели и месеци се работеше на него за да ја добие поскауваната содржина. Направивме три функционални игралишта за баскет со специјализирана тартан подлога, за мал фудбал со вештачка трева, и за одбојка. Поставивме и детски реквизити за најмалите генерации од оваа населба, целосно го осветливме и оградивме овој комплекс, исто така го преуредивме паркот кој што со години не беше одржуван. Станува збор за еден комплекс којшто го оставаме на употреба на овдешните жители, но и на сите наши сограѓани кои ќе имаат можност еве да ги поминат своите слободни часови овде во една од најубавите населби во нашата општина, населба Дузлак.“ – кажа Јорданов.

Инвестицијата е во вредност од 3,5 милиони денари пари обезбедени од Буџетот на Општина Штип, односно парите на граѓаните се враќаат назад кај граѓаните. Целата на Локалната власт е во секоја штиспка населба да се направт содржини кои ќе бидат од големо значење за граѓаните и исите ќе може да ги користат. Нови игралишта со тартан подлога претходно добија и населбите Ново Село, Сењак, Железничка и Три чешми, а се уреди и игралиштето во населба Кадидере.

Лаура Стојанова М-Нет