
Затворањето на ул. Ванчо Прќе предизвика да се укинат 100 тина паркинг места во централното градско подрачје, велат од ОО СДСМ Штип. Претседателот на оваа општинска организација Павел Иванов, вели дека со затворањето на оваа улица, граѓаните се приморани да бараат алтернативни рути за да пристигнат до бул. Гоце Делчев, кај местото викано огледало во градот.
“За проблемите во сообраќајот со кој секојдневно се соочуваме и за тоа кој е одговорен за создавање на сообраќајниот хаос слободно можеме да посочиме дека тоа е градоначалникот Иван Јорднов. Јорданов ја затвори за сообраќај ул. Ванчо Прќе со што се укина 100 тина паркинг места, онаму каде што се најпотребни о централното градско подрачје. Со затворањето на улицата се укина најважната сообраќајна артерија во градот. Граѓаните се приморани да бараат алтернативни рути за да стигнат од кружниот тек нам до бул. Гоце Делчев, кај место викано огледало. Наместо да поминат 500 метри помеѓу тие две точки, сега граѓаните се приморани да минуваат повеќе од двојно, односно 1300 метри преку улицата кеј Маршал Тито.“, вели Иванов
Иванов посочува дека дополнителен проблем е што сообраќајот покрај река Отиње се уште се одвива во една лента, а загрозен е и сообраќајот и во маалата на градот додава тој.
Oна што додатно истакнува претседателот на ОО СДСМ Штип Иванов е тоа дека на овој начин граѓаните не се безбедни. Според него секогаш со ДПМНЕ градот има проблеми.
Иван Митев, М-Нет