
Светите три јерарси и светители Јован Златоуст, Григориј Богослов и Василиј Велики, утринава ги соединија верниците во црквите и манастирите на божествена литургија. Со крстот кој е најсилно оружје против злите сили, утринава тие ги упатија молитвите до овие тројца светители, кои се големи и славни пред Бога. Пред камерите на М-Нет телевизија, граѓаните посакаа само мир, здравје и љубов, која треба да вистински чиста и полна со добрина.
Кога станува збор за тоа колку младите ги посетуваат храмовите, граѓаните велат дека по слабо, едно затоа што некогаш празниците се паѓаат преку седмицата и тие се на работа, а друго затоа што некако повеќе се одалечени од самото верување.
Инаку, Овие тројца светци се родени во четвртиот век, а нивната слава живее до ден-денес, преживувајќи ги вековите. Бидејќи биле високо образовани, тие се откажале од задоволства, се замонашиле и остатокот од животот го поминале во молитва и пост. Со нивната скромност, чистота на карактерот и ненадмината длабочина на умот, овие три Јерарси станаа големи светла на Црквата Христова.
Иван Митев, М-Нет