Доживотна казна затвор доби убиецот на Емилија Пешева од Штип

Доживотна казна затвор добие убиецот на Емилија Пешева. Соглсано доказите од претходно, богатото криминално досие на 33 годишниот Фадил Зејнелов, судот донесе одлука да биде осуден на доживотен затвор.

„Обвинетиот Фадил Зејнелов од Штип сторил кривично дело убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик. Судот во овој состав го осудува на казна доживотен затвор. Советот по анализата утврди дека оваа казна е оправдана. Пред се заради начинот на извршување на кривичното дело, понатаму во месец август исто така вршел насилство врз сега починатата Емилија“ – вели судијата.

Болката не се намалува, Емилија никогаш нема да се врати, но барем правдата е задоволена велат родителите на Емилија.

И адвокатот на оштетените потенцираше дека она што е побарано во завршните зборови односно доживотна казна затвор за убиецот е изречено.

Емилија Пешева беше убиена на 1 ноември минатата година во помошен објект на ЈП Исар во близина на најзиниот дом.

Инаку, претходно доживотен затвор доби и убиецот на Танкица, кој ја уби со над 40 убоди од нож во Кочани, но потоа сам си пресуди во затворот во Куманово.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет