Прва лига Футсал: Пораз на штипските екипи Астибо и на Мал Ајакс

Комбинирано во изминатите два дена се одигруваат натпреварите од 7 коло во рамките на Првата Футсал лига на Македонија. Екипата на Проект Цико во Валандово ја декласираше екипата на Кеги Моби од Велес а штипските екипи доживеаја пораз, Астибо загуби на домашен терен а Астибо во гости. Првото полувреме во Штип заврши нерешено 2:2 но во второто полувреме гостите, екипата на Карадаку беа поуспешни постигнаа нови два гола додека напаѓачите на Астибо затаија. Останува денес да се одиграат уште три натпревари за да се заокружи целокупното ова 7 вонредно коло. Еве ги комплетните досегашни резултати:

  1. Проект Цико – Кеги Моби 10:4
  2. Јувентус – Мал Ајакс 6:2
  3. Астибо – Карадаку 2:4

Денес ќе играат :

4. Железарец – Арбен Бајрами

5. Црна Река – Кратово

6. Велес – Шкупи

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk