Ристовски со понуда за задржување на младите во Општина Штип

Младите во Општина Штип, па и во Македонија, постојано се иселуваат. Ова преставува огромен проблем, а минимални се напорите кои се преземаат за спречување на ваквата појава. Од  македонска конзервативна партија ИНТЕГРА, со понуда за главен акцент на задржување на младите во државата, излезе денеска претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски

Со членството на ИНТЕГРА, во една моќно Европско христијанско политичко движење, се нуди поголем ангажман за младите, и намалување на невработеноста, истакна Ристовски.

Со програмата која ја нудат од македонската конзервативна партија ИНТЕГРА, нова спортска сала, затворен пазар, базен со кафич и слично се нудат поголеми можности и шанси за младите да останат во своите родни места.