
На 09.12.2020 околу 18.30 часот во Штип на крстосница од ул.“Пиринска“ и ул.“Сутјеска“, патничко моторно возило „опел агила“ со штипски регистарски ознаки управувано од И.А.(37) од Штип удрило во пешакот Р.В.(62) од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Р.В., на која и била укажана лекарска помош во Клиничката болница Штип. За незгодата е известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип.