Пожар на трафостаница во приватна фирма во Штип, нема повредени

На 06.12.2025 во 01:05 часот во СВР Штип е пријавено дека во објект на приватна фирма во Штип настанал пожар на трафостаница. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица-Штип. Повредени лица нема, а извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.