Кривична за маж од Кочани, на Фејсбук објавил фотографија и текст со повик на насилство

На 05.12.2025 СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Б. Ј. (1989) од Кочани, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по чл.394-г од КЗ. Имено, пријавениот на 18.11.2025 во 22.48 часот на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил фотографија и текст со кој промовирал и поттикнувал насилство кон Д.Ј. од Кочани.