Осогово и Новаци ги поделија бодовите, а поделба бодовите но со погодоци имаше и во Гевгелија

На Градскиот стадион во Кочани немаше победник, немаше ниту погодоци, Осогово и Новаци и ги поделија бодовите и со реми ја завршија есенската полусезона во Втората лига.

Во Гевгелија исто така реми, но со погодоци, Кожуф и Вардар Неготино одиграа 2:2. Домашниот тим пропушти два гола предност и на крајот го загуби целиот „плен“, па мораше да се задоволува само со бод.

Веби Исмали во 16. минута му донесе водство на Кожуф, а пак Аљбан Мемеди погоди за 2:0. Пред крајот на првиот дел Душан Павлов погоди за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел од средбата фудбалерите на Кожуф направија грешка која скапо ја платија, а Оливер Тодоров казни со гол за конечни 2:2.

Александар Ванев, М-Нет